фантазира (несв.)
Мисли ли комитетот оти ако тој сака да го игнорира прашањето за јазикот во разни делови на фантазираната, барем сега за сега, автономна Македонија, го игнорираат истото прашање и заинтересираните балкански народности, особено Србите?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ги остави своите непрокопсани кукли да фантазираат, а тој се упати кон штабот на својата партија на улица Бошњачка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ми кажуваше дека има Господ и дека тој нè гледа, а и мајка ми дека ме гледа, но дека ние не можеме да ги видиме. Оттогаш почнав да си фантазирам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мислам дека е добро да се фантазира, тоа е еден вид јога на умот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ги разгледував можностите за плаќање, фантазирав како се запишувам на смерот за Меѓународно право и дипломатија, дури го имав заокружено на самата корица како божем утре ќе се запишувам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тинејџерите во сиромашните квартови во земјата од седум – осум години тренираа некоја боречка вештина и фантазираа еден ден да ја облечат сината униформа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Фантазирав, затворен во собата како ембрион во плацента – магличавите слики низ кои се провлекуваше нејзината силуета, се враќаа од некој дамнешен, затворен сон.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Децата секакви работи гледаат на телевизија и потоа секакви работи фантазираат.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Што всушност се случило? Во таа состојба на опиеност, во која ниту сум бил на небото, ниту на земјата, во мојот облак светлина (никогаш од тогаш не сум ја видел таа светлина, а копнеам по неа; ќе ја видам ли уште еднаш, макар и во некој друг живот?), сум дошол до Луција, и мислејќи дека фантазирам за себе и во себе, сум ја изговорил целата фантазија, во два гласа, машки и женски, пред неа и пред нејзините другарки, што предизвикало општа смеа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)