фанфара (ж.)
А беше дошло такво време – никакво: насекаде ечат фанфарите на силниците, нови тендери за извоз на демократија сѐ додека увозниците не сфатат дека сила бога не прашува.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Со силни звуци на труби, на фанфари и на што ли уште не, започна претставата, која траеше речиси над два часа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како бајонети на силна светлина се пробиваат звуците на фанфарите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Бев сведок“, вели Мошелес, „на потеклото и напредокот на ова дело, и запомнете дека не само што Мелцел го поттикна Бетовен да го напише туку дури и го постави пред него целиот негов дизајн; пишувајќи ги маршевите на тапаните и фанфарите на трубите на француските и англиските војски, навестувајќи му на Бетовен како да ја најави англиската војска со мелодијата на „Владеј, Британијо“; како треба да го претстави
„Малбрук“ со меланхоличен тон, да ги отслика ужасите на битката и да го аранжира „Боже, чувај го кралот“, со ефекти што ги претставуваат извиците на мнозинството.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Со звукот на фанфарите на бината се искачи Дедо Мраз придружен од снегулки, Снежана и седумте џуџиња, Штрумпфови и Штрумпфети, и Мики, и Мини, и малата индијанка Покахонтас, и разни шумски животинки - вистински свет на бајките...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во тој миг во главата на Рада небаре засвире оркестар од фанфари.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Војнички фанфари и истрели од плотуни се слушаат по секое покривање на гробот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)