фаца (ж.)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ми ја плесна во фаца љубовта што ја немаше никогаш за мене.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Подоцна отидовме со такси до диското и чекавме да нѐ внесат, како да сме некои кој знае какви познати Вип фаци.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Многу светски метрополи имаат улици во кои преку отисоците на дланките може да се види колку славни фаци ја посетиле.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се чини, типчето веднаш сфати во што е поентата, се разбира дека имав мобилен и штосот со фиксниот значеше дека ако е фаца од естрадата може барем да биде џентлмен и пред да ми го побара бројот, барем да ме праша како се викам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На спротивната маса седеше позната музичка фаца од џет смет естрањата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Брзо се снаоѓаш, а уште побрзо се адаптираш. На Македонциве овде им се мењаат и фаците.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Ќе биде симпатично друштво меѓу стемнетите чифутски фаци. Токму тие фаци и ги дочекаа него и подофицерот Мајснер во еврејските канцеларии.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој само молчешкум ја искриви фацата, па уште од тој момент ми стана јасно дека меѓу нас нема да потрае.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Таму на паузи и навечер на пијачки доаѓаа сите политичари и многу естрадни фаци. Јас сега станав свесна за тоа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Над јајчестата фаца со срамежливо затворени усни, сините подзамижани очи, блескотат како подзакриени џамлии.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На тоа му се свртев, со мојата најлоша фаца што некогаш во животот сум ја направила и му реков: - Тргни ми се од пред очи да не те гледам!
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Улица каде нашиве славни фаци, исклучувајќи ги политичарите, ќе можат да остават отисок од дланките.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Живеејќи во свет во кој партијата беше „Бог и батина“ никој не помислуваше дека еден дедо со исклучителна блажена фаца, со очи од кои зрачи добрина, еден облак во црвен плиш може да биде помоќен од партиските џивџани.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Грета: Сакам деликвенти, но овие од пред малку се жални. Никаков стил, никакви фаци.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ми го плука сево ова во фаца...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)