фаќа несв.
фаќање ср.

фаќа (несв.)

Нѐ фаќаат петлушка, двајца по двајца, и ни ги удираат лисиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Моите братучеди беа многу палави момчиња и никако не им се фаќаше крајот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Фаќајте магла додека е време...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но за свадба не се фаќа кусур.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нивните родители не можеа да ги поучат како се фаќа плен поради неискуственоста, и тие самите бараа модел. Бараа од некој друг да го препишат како лекција.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Немој така, - ми вели еден Турчин фаќајќи ме под рака. – Проблемот е решлив, - ми вели тој, - само што ишмилет живее овде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во прво време повеќето дури беа и задоволни сѐ додека најпосле не видоа колку скапо им се фаќаше тоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се изненади мудурот, се изненадија ќатипот и мулазимот, башчаушот и чаушот кога видоа жена — каурка да фаќа рака со Турчин.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, било за да останам, ниеден куршум не ме фаќа. „Некогаш и господ ќе те види и ќе се замеша, велеше мајка, и да не го викаш ќе те побара, ќе застане да те брани.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во 1947 година го фаќаат третиот брат на дедо ми и го заколуваат заедно со неговата жена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слободата овде е неостварен сон измеќари како во колибата на Том удри со камшик по ниските класи работата овде човекот го гнаси Та не сме саде ние, та не сме саде тука да фаќаме стресови и чиреви од мука стани утре порано за ситен минималец вени да ти попуштат за клет работодавец
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ме фаќа за рамо и со растреперени раце ми ја подава: - На, чедо, носи ја... ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мајка вели дека требало да си го измијам лицето за да не фаќа сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој страв го фаќа од пукањето и само се крсти за да стане гуштерица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Бисера, колку го виде оти ја симна шапката и почна да се крсти, избега и не се обѕрнува назад, оти поп кога колне не треба да го гледаш: макар и другото да колне, клетвите го фаќаат тој што е крај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ме фаќа за рака и мене некоја струја ми минува низ коски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да фаќам врски по шалтери. Да го слушам Перо како ждрига по улици.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
За сеирот којшто ќе ти го фаќаат и да не праиме муабет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Еден каплар фаќа бугарски поп-војник и му го намавнува ножот под гушата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Повеќе