фокус (м.)
23. Тоа покажа кој најмногу е заинтересиран за македонското движење затоа го пренесоа центарот негов во Македонија и направија уште еден цел ред фокуси за да се покаже оти брканицата е однатре и е самородна појава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Неговата сопруга беше во фокусот на неговите одмаздољубиви чувства.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Последниве години, предлозите за легализација на дрогите се најдоа во фокусот на јавните расправи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Неговата функција е да служи како фокус во кој се собира љубовта, стравот и почитувањето, чувства кои многу полесно им се даруваат на поединци, отколку на некоја организација.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Фантазијата е на власт, како и посветувањето и интелигенцијата, и ние токму сега го доживуваме, или во блиска иднина ќе го доживееме, совршенството на општественото: сѐ е достигнато, небото на утопијата се спуштило на земја и она што некогаш изгледало како сјајна перспектива, сега делува како катастрофа во фокусот на некое временско сочиво што го успорува темпото.“
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но она што тогаш како глувци, Германците како мачки, Полјаците како свињи не го изразив добро, бидејќи стрипот беше во фокус, е дека и Американците како кучиња.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Изворот на гласот беше замаглена глетка, но сега заоблената форма му беше во фокусот, со крпа в рака го бришеше шанкот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И двоглед, и двосмисленост
и постојана потреба за
суредување, за дотерување
на фокусот, за вртење на леќата
на времето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Повеќе ништо не беше на своето место и во фокусот; нештата не беа во својата вистинска и природна форма.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Особено во споредба со Холивуд, кадешто техничкото совршенство е императив на професионализмот, Ворхоловите филмови се работени крајно аматерски: тон со лош квалитет, често неразбирлив и таинствен и бука од off просторот во звучните филмови, неизострена и неквалитетна визуелна текстура, излегување од фокусот, осветлени делови на филмот итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но, нашиот фокус е насочен кон тоа што во македонското процесно право не постои никакво [процентуално] ограничување на висината на сумата која може да се плати на име парнични трошоци, а која би требало да се врзе за висината на вредноста на спорот (на пример, да се воведе заштитна одредба која би предвидувала дека трошоците за водење на судски спор не би можеле да надминуваат повеќе од 1/3 од висината на главното побарување за коешто се води конкретниот спор).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Книгата ги скандализира психоаналитичарите, и оттогаш Делез речиси непрекинато е во фокусот на медиите, како контроверзен и провокативен мислител кој отвори нови „илјада платоа” на мислењето. »
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тоа е фокусот од каде зачнува прекрасната игра и размисла, тоа е стожерот околу кој кружи химничноста на човековиот труд или мисла.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ова има свој одраз во многуте современи теоретски размислувања за јавниот простор, каде градовите остануваат во фокусот на анализата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Иронијата беше во тоа што тоа се случуваше низ фокусот на еден гинеколошки инструмент, низ еден научен поглед кој му припаѓа на медицинскиот дискурс.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Повторно очите му гледаа во фокусот и во перспективата; а ушите му ги слушаа познатите природни гласови, наместо грозоморните еха.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но мојот фокус е повеќе на технологијата и нејзината поврзаност со нашата култура во целина.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)