фотелја (ж.)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Татко ми, како секогаш откога се разболе, молкум читаше во фотелјата, со грб кон вратата, далеку од куќата, во ужасната осама со која се мачеше себе си и другите, во која тонеше упорно, тврдоглаво, обземен од сопствената слабост.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дневна соба со канабе и фотељи на средината.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Седнав во фотелјата на малото плато пред градината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Убаво се слушна како се приземји и како потоа со сета сила бувна во фотелјата).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Попладнето заседнавме по троседот и фотељите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Марко спиеше по цел ден на фотелјата покрај твојот кревет, чувствуваше дека те нема и тагуваше по тебе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ноќите ги минуваше во својата канцеларија која, покрај службените елементи (биро, фотелја, маса со шест столови за состаноци), беше опремена со кауч и шкаф за облека, со фрижидер и шпорет во малата ниша од која на левата страна се влегуваше во пристојно уреден тоалет, а од десната страна се излегуваше на тераса свртена на југозапад, кон височините на планината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Војната беше загубена. Се струполи во фотелјата и тешко воздивна.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Само покажа со раката да седне на удобната фотеља пред него, која исто беше тапацирана со црвен сомот и продолжи да пишува.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Пред да ја угаси ламбата и да се седне уморен во фотелјата, нежно го истури купчето пепел на дланката и тивко кажа еден збор. Розата се појави.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се покажувам и јас во собата и шетам со очите: на една кожна фотелја седи русокос мајор, на бирото полковник, а онака, настрана, уште еден мајор со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На дневен ред се расправа ребалансот на буџетот, а ја залегнат у дубоката кожна фотелја кликам на новите статуси кои ми пристигаа на фејсбук од државниот лаптоп.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Идниот ден, утрото, во мојот кабинет долго седев во фотелјата со испружени нозе на табуретката и се обидував барем една трошка да сведам на конкретно значење од сето она што во ресторанот „Зона” си го кажавме со мојот началник. Попусто.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Мама ќе потрча кон вратата, додека тато го стега наслонот на фотелјата со побелените прсти.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Највеќе ме заболе што татко ти воопшто не реагираше. Се собра во фотелјата и молчеше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Како можев така да мислам кога претседателот ене си седи во својата претседателска фотеља и си ги брка своите претседателски работи, а неговиот телохранител, Сатирот, стои пристојно облечен, со црни ракавици и со пендрек во десната рака што го удира врз дланката од левата рака.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А сѐ е тука:слики по ѕидовите тешки двојни завеси врз прозорците ормани што прилегаат на мртовечки сандаци исправени покрај ѕидовите несмасни кожени фотелји штавени овчи кожи расфрлани по подот една земјена Геновева и ламба прокудена во аголот притисната од темновиолетовиот абажур.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)