франкофон (м.)
Убаво ја проповедаше франкофонската лекција, која впрочем и самиот ја наложи со Сенгор дека таа за земјата останува една отворена врата кон светот, кон другите врати. ***
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во една пригода, Франсоа Делатр, дојден во Амбасадата на Рерублика Македонија, во доверлива искреност, неочекувано ме запраша:
Дали Македонија има франкофонски капацитет и искрена намера да стапи во Меѓународната организација на франкофонијата?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сотир Паскали, од еден голем хрватски есеист и франкофон, Матвеј Предраговиќ познат по својата интелектуална храброст во светот, особено кога се работеше за помош и поддршка на затворани писатели од автократските режими кои ја ограничуваа слободата на мислењето, дозна за случајот на хрватскиот сликар Јосип Рацич, кој сонувал да го стигне парискиот импресионизам и да им се придружи на париските импресионисти со својот незадржлив сликарски порив и дарба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, додека ѝ одговараше на загрижената Мајка, си направи брза геостратегиска калкулација во свеста: ако, на времето, Европа не го прифати отпорот на Скендербег и не му помогна во дваесет и петгодишната војна, по големата опсада во тврдината Круја, и не го спаси Балканот од Отоманската Империја, тогаш сигурно ќе го прифати и ќе го поддржи некогашниот франкофон водачот Енвер Хоџа, во неговиот отпор кон советската империја, од кој ѝ се закануваше пропаста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)