фрли св.

фрли (св.)

Нѐ фрлија в карцер, во самица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во последен момент се фрли на земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фрли го во морето нека го носат далгите во заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не можеше да здогледа некоја гуштерица и да не фрли камен по неа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да носел секој ден сѐ исто, едни пантолони и една кошула, и еден џемпер и виндјакна зиме, а сега ги немаше, ги скрил или ги фрлил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој ден селаните молчат чекајќи кај трите даба пред село печалбарите што се враќаат да ги извадат пиштолите и секој да фрли по куршум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Наскоро се пројави потреба од помошна литература која беше составен дел на истражувањата и филологот воодушевено се фрли на работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но ова попладне му ги уништи сите негови изградени значења и вредности и фрли покрив од сивило над сѐ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не знаете дали ќе ве накалат на виљушка или ќе ве фрлат на кучињата. Хе- хе. Така е или не?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Посакуваше така смирена да поседи колку што може подолго, но здогледа некое делче од некое суво планинско цвеќе на футата и со прстот и показалецот внимателно го фати и го фрли онака во тревата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога си заминуваше светлината Денот квичеше како слепо кутре И го фрлија в река Ако ја надвие водата и залае на песокта Ќе му стане водич на слепецон што чека на брегов
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Пет минути и отровот ќе му ја замрачи свеста и ќе го фрли во заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури и да се фрли врз него во ова темничиште во кое се наоѓаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако те разјадат некојпат забиве мои на брег ќе те фрлам зошто си си?
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ги фрлија алиштата од себе и скокнаа во огромниот кревет од махагониево дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Е, море, никаквец - му префрлува Јани - барем би можел да фрлиш некое зрно повеќе... мешаш и сал мешаш небаре е најубавото јадење... - Па е - вели готвачот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама јас мислам дека бомбата ја фрлиле селаните кои чувале ноќна стража.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го фати за кожата од која вратот и му го фрли пред врата на комшијата; му му го фрли ака на комшијата да не може да се посомнева во комшијата кому верата не му дава да има куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе