фурнаџија (м.)
Син ми има своја фурна. Кај фурнаџиите нека се распраша.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се здоговорил и со главниот фурнаџија и со главниот готвач.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Фурнаџијата Парнаџиев, кога ќе загуби трага на некоја тава од фурната секогаш пронаоѓа прифатливо решение.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој таму, тој што го зеде, ти бил фурнаџија и го зел тој Дракчета таму ем да го гледа ем да го учел за фурнаџија...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Лебот — вели Андон — не ти го пишува фурнаџијата што ќе му помогнеш на другарите да го растребите тунелот, а ако втасате побргу, може и да дупнете по некоја дупка и друга. Барут има кај другарите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Реков, додека ручавме: му должам извинување на фурнаџијата Парнаџиев. Добивме помалку ама барем послатко! ...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Првин си купи една симит-погача во фурната на Софрета фурнаџијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)