фустанче ср.

фустанче (ср.)

Последните два дена само за тоа се зборуваше: мене мајка ми ми купи ново фустанче, мене мајка ми ми шие, мене мајка ми ми плете, мајка ми, мајка ми...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Носеше некое ново фустанче и ми личеше на малите принцези од убавите бајки. Колку ја сакав!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во десната рака, најчесто, носеше стаклено бокалче за вода, покриено со утлеисана тантела, на нозете пандофли со црвени туфки, облечена во лито фустанче со карнери околу вратот и ракавите, со ситен чекор на балерина или на препелица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бев облечена во прекрасно везено фустанче. Ми го везеше и ми го шиеше мајка ми. Со народен вез.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сега фустанчето го крена уште погоре над колениците и си се загледа во белите ципи на нозете кои беа прилепени една до друга како образ до образ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Веќе на 16 години знаеше да сошие прекрасни фустанчиња или палтенца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А реков, нели, кога почнале да ја градат црквата веќе сум шетала негде и тоа по фустанче! Иди па верувај им на приказните!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
11. Фустанчето на дрво, ти во трева а јас во облаци.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дека Ирис ќе биде љубовта на неговиот живот, Р знаеше уште во прво одделение, кога ѝ го крена фустанчето за да види од каде ѝ растат нозете.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Често и на девојчињата налетуваше со главата како бик, запрегнувајќи им ги фустанчињата и забанчињата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му го кренав фустанчето, му фрлив прав в очи, а тоа не запира, туку трча да си купи бонбони.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
* Во себојно фустанче облечено за брзо соблекување, директно од ролшуи на штикли (така ли се стига побрзо?) нетрпелива да го пополниш идеалниот градник, со двете немирни, долги нозе сакаш да го опчекориш градот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Седевме во фотелји од чии фустанчиња ѕиркаа дебели и искривени лавји нозе, со книги секаде наоколу.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Топлите зраци на сонцето дозволија да ја облечат во новото фустанче купено за таа пригода и во тон со него чорапчиња до коленцата и чевлички со ремче за полесно сама да ги закопчува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го облекував костимот за капење, некој фин шорц или лесно фустанче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Туку гледате, ги исфрлиле од себе неубавите, груби капутишта, ги слекле тешките војнички кондури, која боса, која по калци, бели, домашни, која по свилени чорапи добиени на крос-контрите (како награда), - која по гаќички, која во селско шајачно фустанче, која со долги, мили раце, бели, слаби, о боже, некоја што била малечка се извила, заластарила, високо, до небото, друга се смалила, се свиткала, се подгрбавила, о господе боже!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги очистија просториите, прибраа дрвца од околу зграда, ги разотворија бовчите и демите, алиштата непроменети во патувањето ги заменија со испрани фустанчиња и фусти и цел ден не му дозволија на ќумбенцето да го излади мешето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Немав време да одам дома. Од 6 до 9 часот ставав цени и декларации на фустанчињата и, кога ќе се размрдаа женичките што работат во ТТК банка и во сите други фирми и фирмички, веќе од рано, уште пред паузата нивна, имав промет како што не правам сега за цела недела.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе