хаотично прил.

хаотично (прил.)

Тие можат да покажуваат сложено, хаотично поведение што ја отежнува нивната употреба за создавање на прецизни претскажувања; можат да бидат нестабилни, така што и најмали промени во еден дел од моделот да доведуваат до многу големи промени во неговите претскажувања; можат во себе да вклучуваат некои величини кои што, едноставно, не можат, ниту во принцип, да се пресметаат; во нив може да има некакви врски што тешко можат да се разберат а нѐ спречуваат да го анализираме поведението на моделот со тоа што, на пример, би го разбиле на помали и полесно сварливи делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Продавницата личеше на запустена дупка, со гнасно душеме, валкани полици, хаотично расфрлана стока, руинирани ѕидови зад полиците...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И создал дело хаотично, сигурно не совршено, но сепак генијално.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На пример, Гастон Жили и Пјер Пату во дваесеттите години во Париз го проучувале посебниот вид на апстрактно хаотично движење, што доведе до убави и модерни „фрактални“ слики коишто седумдесеттите години ги правеше Беноа Манделброд во ИБМ.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако ти навистина веруваш дека со вакво хаотично поведение ќе придонесеш за неопходното смирување на ситуацијата, се лажеш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)