хранлив (прид.)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Така треба: внатре има хумус, хранлива земја, конопената вреќа ќе згние и така корењата сами ќе се ослободат и ќе се вкоренат во почвата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Мозочето мое кутро, кое си го замислував како обарен карфиол на кој топлината му ги уништила сите витамини и хранливи состојки, беше оптоварено од ништо друго, туку од непотребно (но тоа сега го велам) непрестајно, и на крајот на краиштата, бескорисно (кое токму такво се покажа) проследување на настанатите, па дури и на ненастанатите, туку потенцијално претстоечки ситуации во мојот живот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Така како што Јапонија нема нафта и руди, така нејзиното тло едноставно нема ни хранлива подлога за индивидуално мислење.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Козите собираа, брстеа сѐ што ќе најдеа на патот: лисје, вејки, гранчиња, тревки, сѐ што беше и најмалку исполнето со хранливи материи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Човек имаше чувство дека таа живее без храна или вода, па дури и без воздух, дека во себе ги содржи сите органски, хранливи и атмосферски елементи потребни за нејзиниот опстанок, за нејзиното милениумско постоење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
“ (Strelac 1995) Тој предвидува синтетичка кожа којашто ќе може да ги апсорбира кислородот и другите хранливи состојки, ќе исчезне потребата од внатрешни органи, а телото ќе се испразни и ќе се наполни со технички импланти.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)