цвеќенце (ср.)
Везден цвеќенцата си играа низ полето, се пресегаа и од лисјенцата на тревките го собираа гласот на младичот и во своите пазуви го скрија.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Цепнатинка во каменот и во неа - цвеќенце. Треперат листенцата во топлите повеви на ветерот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За љубов и среќа мислете и молете се, за оние далеку на кои се надевате, цвеќенце во мисли испратете ако друг начин немате.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Стариот ковчег, во распеани бои, со цвеќенца, со иницијали, паѓаше в очи зашто стоеше како камен – темелник на нов дом кој почнуваше да се ѕида.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Го допирам цвеќенцето на реверот на мојот внук, го земам тој цвет и се мачам да запишам нешто со него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Одличните ученици ќе подготвеа рецитал, по некое цвеќенце за бистата на паднатите Герои, пардон Херои.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Виде папра, алпен, сини, црвени и бели цвеќенца, базер, врчки, блостур, виолетово расцутено трње и, како што му се чинеше нему, можеби уште двапати по толку други секакви растенија што тој не би умеел да ги наброи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Посетите кај мене беа забранети за да се намали на минимум факторот возбуда од каква било причина, но успеваа да ми протнат исушено цвеќенце со „волшебна моќ“ и вода од Урошевац во пивско шише со кончиња што носат среќа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На кој начин во Аловото цвеќенце
грдиот ѕвер станува убав младич?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
АРСО: Вистина, татко ѝ е самарџија, ама што се вели зборот, не гледај го коренчето, гледај го цвеќенцето.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Нашите девојки потсеќаа на нешто најчисто, најубаво, на цвеќенце што расцутува, на нежно, тенко тревче што се вее на благиот пролетен ветар, потсеќаа на сѐ добро што може да посака срцето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Некои цвеќенца што не можеле да ги поднесат ни првите есенски утра?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Секогаш кога потоа ќе се сетев на неа, помислував на она глуварче и на нејзините раце кои го поземаа свежото цвеќенце во паркот, кога низ решетките на оградата ѝ го подаде едно дете; на нејзините раце кои го кренаа пресуваното глуварче од градите кога тоа падна од меѓу песните на една книга. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сега на сон зема часови по летање и букви му шепотат нова азбука: пет букви научи момче! стани петкрилна птица, цвеќенце - детенце петлисно! пет крила порасни си! (зар ќе те казни некој за тоа?!) секое крило - различна боја.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)