целовит (прид.)
Авторот на делото успева да ги хармонизира овие две крајности, останувајќи до крај внатре наративна перспектива, односно опфаќајќи доволна наративна градба за творечкиот свет да биде целовит и јасно дограден...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Наоѓаше нешто заедничко во таа нивна желба и со сета душа се радуваше што овој ден му донесе една таква целовита средба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Истовремено, сопственото јас копнее да биде разбрано; уште повеќе, тоа копнее по една целовита личност којашто би можела да го прифати целото негово битие и при тоа да го „остави на мир.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не тврдам дека има една и само една геј- култура, која им е заедничка на сите геј- мажи – ниту дека културната практика на машката хомосексуалност е унитарна, целовита, автономна и целосна сама по себе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)