цензор (м.)

Не смее ништо да биде сокриено од будното око на цензорите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Писателите препуштете им ги на цензорите; одлично! се приближуваме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Не трпам цензури и цензори – беше прилично груба таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тато беше мојот цензор. Страв и трепет.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)