цитирање (ср.)
Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Документаристичкиот приод во градењето на романот се отсликува и во цитирањето на познатите документи кои тангираат конкретни личности или настани за кои станува збор, и нивното присуство во народната песна, кон која Николески има посебен респект.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
в) Цитирање дела од ист автор
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
11. Во романистиката е стандардизиран вообичаениот, општоприфатен, начин на цитирање на Дигестите – постапка која стручно е позната како инскрипција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Библиографските кратенки (загради) во текстот се поврзани со списокот на цитирана литература (библиографските единици) и изворите дадени на крајот на трудот, со што се олеснува следењето на цитираноста во научните списанија. Библиографската единица е организирана во зависност од видот на цитираниот извор: книга, статија во списание, статија во зборник, прилог во весник и сл. (в. во претходната глава). Во списокот на цитирана литература податоците во библиографската единица обично се наведуваат со изменет редослед, односно презимето на авторот доаѓа на прво место, а личното име или иницијалот на името се изделува со запирка од презимето (в. подолу: Цитирана литература).
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Ваквиот редослед е потребен поради тоа што презимето е клуч според кој се редат библиографските единици во списокот на литература, според азбучен (а латиничните според абецеден) редослед. Веднаш по името доаѓа годината на изданието, одделена со точки (или во загради), поради тоа што вториот клуч според кој се редат библио графските единици во рамките на азбучниот редослед е хронолошкиот.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Кога се цитира, парафразира или се упатува на некој автор/ текст, изворот треба да се наведе во текстот, а не во белешките под него. Библиографската кратенка содржи три елементи: презиме на авторот, година на изданието: (со белина по двете точки) страница (Мисирков 1903: 250).
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)