челебија (м.)
Толе го нарача Колета уште од саботата навечер и овој даде збор дека утре само нему ќе му свири, па ако сака и самиот Челебија нека слезе да му наредува, нема да го слуша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Бре што беше, бре како беше, бре што направи јок да се направиш" — го караа Толета другарите, а другите гавази со Ѓузепа на чело веќе го спетлаа со една ортома, на која слугинката на Челебијата си ги сушеше алиштата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По таа причина и војводата Михаил Апостолов — Попето не успеа да го фати Челебијата за да го уценат султанот со голем откуп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Освен известието на Челебијата никој друг не се јави со тужба против Толета, бидејќи и Аќиф како и Толе не беше кажал ни од каде е, ни што има, та никој не дојде да го побара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во право си, пријателе Камилски, Книгата на патувањата на Челебија ни го враќа од митската меморија на Скопје изгубениот XVII век, ни ја опишува истава чаршија низ која чекориме, маалата кои опстанале во остатоци, тврдината Кале, Безистенот, Камениот мост, џамиите, амамите, приспособени на денешни потреби...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Под нас беше Маказар, опишано уште од Евлија Челебија и подоцна, во 1858 година, од оној германски патописец по име Јохан Барт, кој велеше: „... Маказар, село со седумдесет куќи и околу 280 жители.“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Толе се замеша во разговорот. — Ами не даваат ли Челебиите нешчо на тие што умираат кај нив?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)