челник м.

челник (м.)

Едноставно не смеел да се повлекува, морал да докаже дека го надвјасал челникот со рогови коса над бледото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна некои од нас тоа и го доживееја кога по години, во една друга прикаска, го кренавме тоа знаме да ни биде челник во Илинденското востание.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Идните воденичари се собирале зад својот челник и молчеле, тој меѓутоа зачекорил со вкочанет врат и со крвава крпа околу главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сонував: долгата абердарка му даваше сила да се чувствува голем и силен и да се смета за вистински челник на дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отстапил малку пред налутениот челник и со прст повлекол невидлив крст преку челото. И се згутавил под лита наметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- И ти ли сакаш да му бидам заменик на челников?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По една своја воздишка на грижа, челникот можел да процени дека познавачот на треви е болен и се сетил дека така исто бил црн и Симон Наконтик дури и по смртта и го побарал другиот тревар, го нашол и го прашал навистина ли од чумата или од улерата се поцрнува пред умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дреново – страдалничко место и најгрда слика од која не може да се избрише лишајот на лошото што на невини луѓе им го направија челниците на грчките и македонските комунисти.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сомневањата и потаму му го стискале срцето на челникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Знаеш, никогаш не сум му се спротивставил на тој челник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледајте. Од неголема чука се спуштале кон нивниот челник коњ и јавач, дебелникав човек во темномодра облека, војник или одметник, вкочанет натрапник со нејасно лице и со нејасни намери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаме челник, тој нека ни објасни чии прсти пораснале.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и тие двајца чекале дружината да се определи за јама или за клада и секако да се определи за свој челник, за оној што ќе победи во недоразбирањето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веднаш се исправиле неколцина, меѓу првите и Онисифор Мечкојад, и му предложиле на челникот да ги определи стражарските места.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Набрзина ја напишав телеграмата од средбата со Фарук Кадуми, повеќе како настан кој ќе ја потврдеше мојата дипломатска будност и брзо и квалитетно реагирање, со средба и информации од претставник на високо ниво во палестинското раководство, каков што беше министерот за надворешни работи и челникот на Фатах, Фарук Кадуми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Им се придружил и Јордан Шоп и рекол дека е бесмислено да се говори за заменик како навистина челникот да е покриен со земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе