чирак м.
чиракува несв.

чирак (м.)

Тоа е веројатно чиракот од казанџиската работилница, еден жив момок кој понекогаш го сретнуваше и секогаш му се насмевнуваше пријателски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ѝ пееме на раката што те прелажа крај ливадите и те доведе тука времето чирак да ти биде на ликот твој да му служи и да се подучува за тајните и тајни патишта на убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Повторно ѝ се радуваа мајсторите: казанџиите, налбатите, столарите, касапите, тенекеџиите, со умилност ја гледаа чираците, а ние децата одевме по неа и не слушавме крици од птици пред заминување, туку слушавме умилна песна што извиваше од нејзината уста, а од песната пркнуваа светулки и надлетуваа над бавчите, на Кафтан маало и исчезнуваа над лозјата на Кумлако и Мерите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чираците ги поткраднуваа чорбаџиите и ги учеа нивните шеги, созреваа порано од учениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Или, за татко ѝ Јосиф кој го нервираше со молчењето, но кој со тоа покажуваше дека почнал да му се плаши, зашто неговиот сурат не е веќе сурат на чирак?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таму немаше чирак, и Бошко важно се дуеше, додека пазарџиите, дојдени да си купат нов самар или да го закрпат стариот, се шегачеа на негова сметка сѐ до попладне, кога веќе мораа да се вратат в село.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чираците пред дуќаните ги распалуваа мангалите. Така е редот. Кога ќе дојдат мајсторите, треба да се огреат..
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Баждар позастана и љубопитно се наведна напред, кон чиракот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
АНДРЕЈА: Пукнав денес од работа. Сѐ тргнало да пазари. А ме остави газдата сам со чиракот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаев дека порано работел како чирак во железничката ложница, потоа како трговски помошник и најпосле во некоја леарница накрај град.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Само да видам“ беше одговорот на младото момче кое најверојатно беше чирак.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Освен нив тука имаше уште една фотографија на некоја филмска девојка, неа ја донесе чиракот летоска, секогаш му ја оставаа и неа. Змејко најпосле и неа ја избриша од прашината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дванаесет години подоцна, со носењето на новиот ЗРО (2005), кај работниот однос со приправници или „чираци“ (термин кој, со право, се чини надминат, а симптоматично е тоа што за прв пат се среќава во ЗРО/05!?) – односно, со лице кое прв пат започнува да врши работи соодветни за видот и степенот на своето стручно образование и кое професионално треба да се оспособи за самостојно вршење на работата – приправничкиот стаж си остана на најмногу 17 една година, ако со закон не е поинаку определено.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако сум черга под чучнати деца чирак биди чирак На земјата со пот портокалова.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Не оти немало што да се јаде. Имало. Но, како снаа, морала да се однесува скромно и да не биде прва што ќе земе, а за тоа време членовите на големата фамилија, па уште и комшии, момоци и чираци, го довршувале јадењето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ворхоловите ко-автори, тие не беа толку чираци на големиот волшебник колку вистински алхемичари кои успеаја да ја синтетизираат нефатливата аура на Ворхол во литературен стил што ќе беше од огромен значај и во случај Ворхол никогаш да не фатеше сликарска четка во својата рака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)