чорбаџија м.

чорбаџија (м.)

Успеал и да се здружи со некои бегови и чорбаџии што го бранеле кај битолскиот валија лажејќи го дека Луман навистина понекогаш пленел, ама и против комитите се борел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таткото, заедно со неколкумина други татковци на деца што немаа пари, беше оден кај Шерда чорбаџијата да му земе на заем и тој на сите им даде по лира, а овему само две, зашто знаел дека не ќе може да му ги врати ако му даде повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Турчин изгорел ти срце или чорбаџија?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Излезе еден од момците на чорбаџијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Рече да го разбудиме чорбаџијата, а тој ќе го причека на патот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На чорбаџиите им е арно, сиромаштијата спие и ете ти бездејство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас девојката не ја кудам, само реков што чув од чорбаџијата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И таа се поклони како Муарема, ја отвори вратата од убавата одаја и двајцата чорбаџии влегоа внатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само Ристе Куков истури неброени зборови на адресите на жените, ќерките и снаите на чорбаџиите и си киниса уште нерешено прашањето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој знаеше дека постои тајна организација, но знаеше дека има и друга сорта арамии за пари, та ја поостри будноста да ја запази имовината на своите чорбаџии од Рим и Париз.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чорбаџијата сакаше да ми ги исече мустаќите, сега ти сакаш да ми ги искршиш нозете.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во некој град отвориле муабет во некое каве неколцина чорбаџии помеѓу себе за кадијата во тој град дали зема рушвет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Чираците ги поткраднуваа чорбаџиите и ги учеа нивните шеги, созреваа порано од учениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стигна по мракот и го блокира селцето, та ноќта ги претепа селаните сите со ред што дигнале рака на царот и ги прибра и тој, како Арслана и Сефедина, оние десетина петнаесет лири црквени пари што ги чуваше чорбаџијата Малче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Последната мера млеко веќе не се сири, ами се тура во качето за „сирната недела“, а чорбаџиите што наполниле и две-три качиња ќе сторат севте уште на св.Јован за да се покажат и пред гостите на Свети Атанас дојде ли Петковден, тоа е меѓата до кога ќаите ќе ги пасат ругарските овци и кога ќе им ги лачат на стопаните тие што останале преку летото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој беше претставен од татка си како „чорбаџија“ и него имаше да го слушаат аргатите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во ќошот на женскиот кат, задолжително стои „месарскиот ковчег" — ноќвите, до него крбла со брашно, па амбарче кај чорбаџиите; а најдолу се наредени подниците, вршниците, а врз нив кацијата за посипување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На чорбаџиите снопјето им пуштија, — на кого од 6 на кого од 4, ретко на некој каде беше прегорено од 7—8 снопа кило, ама на сиромасите по Столови, Кула, Куша и други горски места — кој од 10, кој од 15; пусти Пуце ни од 20 не собра кило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе