чување ср.

чување (ср.)

За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во него веќе имаше отпечатен образец за договор за работа, во кој беше внесена и обврската за чување тајни. Решив да го потпишам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Ако не го вратиме шимпанзото во зоолошката, светот ќе помисли дека ние не сме кадарни ни за чување животни, а камоли за зачувување на сопствената раса.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ни ги даваше народот на чување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеш две-три кози да им довериш на чување, а камоли држава!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Специјалните мерки98 преземени од солунската вилаетска власт за чување на железничките линии биле поврзани со случајот при Ангиста.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И онака, вели, не му е јасно зошто Симон му ги оставил на чување, што ќе му се, кога таа веќе му ги вратила, откога сфатила дека на него не може да се надева, дека тој абер нема да се разведе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко ми, како непартиец, знаеше дека ако купи коза прв би бил на удар, доколку дојде од власта строгата забрана за чување кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А кутрата жена од Заечар тргнала по бел свет, заедно со малолетното дете, во потрага по мајката , која го напуштила детето штом се родило, па жената од Заечар го зела на чување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја исконтактирав агенцијата и набргу добив одговор од нив дека ми направиле аранжман за чување на деца во едно семејство во Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Пред да ја снема Мила, нашиот учител доби тужба од судот поради недозволено чување кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои се спасени на друг начин и, подоцна, нивното чување се толерира во некои краишта од поранешна Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се случуваше, од долго чување, да го сменат мирисот и да се слепат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дел од населението, припадници на војската, задолжени за чување на вилаетот од ајдути и од арамии мегдан - широко поле, место на кое војската извршувала вежби или се одржувале двобои, бојно поле, дуел, двобој медреса - муслиманско средно училиште миндерлак - вид долг отоман, крај ѕидовите, со перници наоколу, заради удобно седење, за повеќемина муфлуз - пропаднат човек, неранимајко, скитник
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Три недели пред да се поведе истрага во врска со скапоценостите на Баручиеви оставени за чување кај спомнатиот Чардаклиев, Груев беше на пат, беше отсутен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Значи се договоривме: куче од мала раса, лесно за чување, одржување, кое нема да влегува во разни кучешки тепачки и нема да крева голема врева.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На ова се надоврзува и неговиот пристап кон монтажата: педантно чување на неуспешни, безвредни сегменти од филмот, од една страна како сочувување на автентичноста (кај Ворхол нема лоши кадри или лоши актери: „Обичните луѓе се феноменални... снимајќи ги, не можете да направите лош филм“), и од друга, како мета на специфичниот фалш
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе