чудесно (прил.)

Ние тројцата летавме таа ноќ и чудесно убаво се чувствувавме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше чудесно свесен за положбата во која се нашол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку и тој, и добитокот и кучињата би се чувствувале како заробеници на ова за очи чудесно убаво, неописливо убаво бело зло.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така, редум пред мене, секоја нова приказна беше како сјајна и чудесно шарена, нова крцкава бонбона, која те предизвикува да ја пробаш за да ѝ го почувствуваш единствениот вкус, кој е секогаш толку различен, но и така сличен по некој состав и по мајсторлак познат само на создателот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Начинот на којшто оваа девојка ја опишува својата психоза се чини дека чудесно ги потврдува претходно изнесените ставови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Излегуваш од сонот. Ја оставаш ѕвездената кола на патот чудесно озвучен. Ветерот носи јужно море.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Матерката чудесно и примамливо мирисаше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И вашиот тигар како да беше таму; се чинеше дека оттаму потекнува неговата последна проѕевка! Нели, чудесно сафари!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Полјанката е сега чудесно убава. Прилега на некоја слика, само раздвижена и озвучена.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зар требаше да се посомневам во твоето чудесно откритие?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Чудесно ќе те изненадат, ќе ти го изнаполнат срцето со топол ветар и веќе си сосема друг - гледаш само убави работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бојан гледаше како работи дедо му, замавнуваше со косата, чувствувајќи при секој откос чудесно задоволство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Очите ѝ беа чудесно спокојни, длабоко доверливи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Неговиот прв објавен роман, Времето на козите (Le temps des chèvres) претставува чудесно напишана романескна алегорија за едно општество под ударите на еден тоталитарен режим со сите придружни аберации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Какво чудесно решение на квадратурата на животот!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој дојде, само со куп книги и многудетно семејство во овој непознат град, оставајќи го огништето, своите, крај бреговите на едно чудесно езеро.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чудесно во неделната отпочинка во сопствената соба- оаза е ретка можноста повторно да трагаме по нашите фиоки, книги, по себе во топлите отисоци на предметите и чувствата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе