шанса ж.

шанса (ж.)

Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Најновите истражувања кои се правени неодамна покажуваат дека корисниците на марихуана кои долги години дувале трава имаат огромни шанси да закачат рак на мадињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ми беше јасно дека немам никакви шанси во тој момент да разговарам со неа за случката со дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја испуштив првата шанса и втората исто така ја чекав третата долго но сеуште ја немаше да дојде
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа значи дека покрај тоа што останале без мозок, постојат големи шанси траварите да останат и без мадиња.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И како што минуваше времето, шансите на семејството да се помести кон Америка ја зајакнуваа татковата илузија да го следи патот на јагулите кон нејзините брегови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На вечерната забава, оние кои уште во автобусот го фрлија мамецот ја чекаа својата вистинска шанса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги имаа своите шанси и сторија сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И никогаш не е доцна на вистинската љубов да ѝ дадеме втора шанса.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На почетокот на кариерата ми се нудеше шансата да ја напишам пресудната телеграма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секоја жаба или мува можат да ја променат стратегијата во обид да ја максимираат својата прилагоденост која може да се определи како шанса дека организмот ќе опстане доволно долго за да се размножи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Шансите да го најдеме, ако тргнеме да го бараме низ градов, ни се еднакви на оние што би ги имале кога би решиле да бараме игла во стог сено, - заклучи тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми беше дадена шансата да ја реализирам мисијата која ретко ви се нуди во животот, да трагате, да придонесете да се зближуваат, да се обединуваат луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од дарови за невестата треба да купиш само нежно син фустан за во матично (во бел нема шанси), дека е со фалинка и таа како тебе ,има напукнат брак, па сронат во стакленца ситни и такви исти ситни деца …неколку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нашиот соговорник не е од оние писатели кои би флертувале со философски приказни, барајќи во нив паразитска шанса за личен прилог.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
(Откако ќе се обѕрне околу себе, со шепот.) Сигурно знам дека оваа акција му е доверена како последна шанса да се искупи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Шанса за светилник на морепловците оние кои сѐ уште не се очајни и не се плашат од фантазијата на брановите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но бев сигурен дека на дипломатот му се пружа историската шанса да излезе од својата вообичената орбита, да ја потврди смислата на амбасадорскиот чин, на пресуден фактор во меѓучовечката универзална комуникација, во смислата на која упатуваше Егзипери, со максимата дека вистинската професија е таа која му служи на зближувањето на луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе