шегаџија (м.)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го паметам како добар човек и уште подобар шегаџија. Не знам дали неговите шеги беа толку шеговити и секогаш нови кога ги правеше со возрасните, но нас децата тој секогаш знаеше да нѐ изненади и да нѐ засмее до пукнување.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Има биртии со убава мастика, се сеќаваш оти само тоа пиев, имам и другари песнопојци, шегаџии, зулумџии.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Некој шегаџија пушти смешка. Избувна смеа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Затоа што беше многу слаб и од заборавеност постојано се вртеше околу порачката - селските шегаџии го нарекоа Јотето Вртенце.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така смеејќи се, виткајќи се од смеа, заборави на казните, со двете раце сопирајќи си ја смеата рече: - Е, Леме, проклет да бидам, не се родил поголем шегаџија од тебе во целиот свет!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ако ви се сторил итрец – барајте го меѓу итрите; ако ви се сторил инаетчија – барајте го меѓу инаетчиите; ако ви се сторил шегаџија – меѓу шегаџиите; ако ви се сторил храбар, палавко или дружељубив – меѓу храбрите, палавите или дружељубивите.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Всушност, сѐ уште му се спротивставувал на стравот и се калел за дни во кои еднаш или повеќе од еднаш и самиот ќе стои под сенката на смртта и се сеќавал на суровите подбиви на некои од дружината со престарениот Симон Наконтик (така е, старецот престарел во тие дни), а пред тоа ги гледал шегаџиите како со насолзени клепки се молат пред манастирскиот олтар за мртвите, за Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јане Крстин, Пеце Дановски, Борис Калпак и, секако, за запалениот Крум Арсов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еднаш еден од работниците, познат во тајфата како шегаџија, пискливо се насмеа, кога Веле го искачуваше скелето целиот испотен, изморен, со отворена уста, свиткан и поклопен од широките штици, што му беа на грбот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тромо се влечкаат затворениците - излегуваат и влегуваат, и бараат шегаџии и веселници во другите кауши, да ја убијат здодевноста и тоа неподносливо вгледување во себе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ха, стар шегаџија, вели. Честитам, смешен си.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)