шеесетина (бр.)
Ова го најдов кога бев жив, кога имав шеесетина години, запишано на парче избледена хартија меѓу листовите на една книга во мојата библиотека.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Откако ќе влезе во султанските трпези, ќе се шири по семејствата на царството, покрај шеесетината најпознати рецепти, ќе се создаваат, нови илјадници...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Лево – високи згради кои ги немаше пред шеесетина години.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Откако ќе се изминат шеесетина прозаични километри, доаѓа средбата со Букурешт, за кој велат дека е „мал Париз“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Влезе во црквата стрештен. Повеќе од шеесетина насликани фигури на најистакнати патријарси, епископи и ѓакони го гледаа човека од сите делови околу олтарот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Одморот од лани ми остана, а твојот учителскиот без малку трае шеесетина денови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Овој човек беше обичен човек, богобојажлив, задуман, загрижен, наоколу шеесетина години.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Седнат на златниот престол во најсвечена облека, со голем турбан на главата украсен со најскапоцени дијаманти, во долга свилена долама, со златно извезени пантовки на нозете, седеше старец од шеесетина години достоинствено и гордо ги примаше пријавените од Великиот везир странски дипломати.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во селото Подгорје најдовме осумдесетгодишен маж кој ни рече дека пред шеесетина години поминаа по тука многу луѓе.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)