шепотење (ср.)
Строгите линии на неговото лице се накршија и низ возбудливото занесно шепотење прстите на оптегнатите раце фаќаа во просатранството нешто необично, меко, нежно, податливо...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И морето и бродот стокмен од нејзините ноќни шепотења и сребрените скали на вечноста по кои слегува до нас О Таа мртва, Таа заскитана вон дните Таа жуборлива во нас и студена во каменот овде е нејзината земја и мермерот во кој молчи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
И кога оваа вест се пронесе по улицата со шепотење, славата на Фигаро почна да потемнува.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Го слушнав шепотењето на госпоѓата која седедше до мене и патуваше за Венеција - И вие изгледа не можете да спиете како и јас.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Обично се вели за манџата чмее чудило — нешто за чудење шаит — сведок шака — смеа, шега, нешто несериозно шеј — предмет шепнипокров — шепотење под покров со младата невеста шилеже — ланско јагне шубе — сомнение шупур — чешма со шупурка шутарка — скршено грне, бардаче, ќуп.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во секојдневните претпладневни звуци што го огласуваат животот во планината: црцорот на штурците и скакулците, брмчењето на пчелите и мувите, повременото шепотење на кориите низ кои мрзеливо се провлекуваше утринското свежо ветре, ѕвонежот на невидливите стада, - Бојан насети и брчење на автомобил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога го залепи ушето на дупчето сосема јасно го слушна шепотењето од комшијата. Му прошепна и тој на дупчето и разбраа двајцата дека се слушаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се обидувавме да ги слушнеме и другите шепотења на татко ми, во врска со Сталин, по најновите вести.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како шепотење на трева, како шумолење на гора.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Има во вашето шепотење о треви во молкот ваш што сепнато настапува од мртвиот нејзин говор далечна сенка.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
- Како што отец Иларион бдее над душите од своите болни што ги лечи, така и отец Серафим бдее над бочвите во визбата; а во време кога превира виното, тука и спие: да го гледа, да го пази да не истече: со деноноќија седи крај бочвите, им го наштутува нивното шумење, шепотење, вриење на зрната чија што душа преминува од блага - во горчлива.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И многупати го носев Ѕвездана да му закуша, со скрувци сол и со шепотење на темето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сина водо голема добра водо со венци игриви од пена (нечии тајни дамнешни шепотења).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Додека се симнувам по скалите од горе надоле слушам шепотење: „Ама ти давам ишарет цело време, не зборувај против партиите, овој градоначалник, оној градоначалник, гарант е од некоја партија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Знам дека се прашував, бидејќи паметам дека лично се воздржував од каков и да е одговор, иако далеку во мислите наслушнував нешто како шепотење од кое можев да сфатам дека на ниту еден настан не може да му се стави точка и да се прогласи за звршен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Пред легнување се кикотеа и говореа за жени. Лежеше крај нив и молкум го слушаше нивното шепотење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Влакното што го поврзуваше животот и смртта, негде внатре, во искрвавените гради на Раде, беше толку тенко, што во потполност ја потврдуваше дијагнозата на познавачот на шепотењата на смртта Иво од Шилиговец.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во ушите ѕунат хаосни гласови, некоја далечна мелодија се раскинува од џагор, тропот на наланчиња по калдрма, нестројно тешко удирање по наковална и тивко пеење и страсно шепотење на нечии познати усни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ни се причини како змејот се извишува за со конечниот залет да нѐ проголта и да нѐ повлече кон длабината Во тие мигови Мајка започна посилно да ја кажува молитвата за спасувањето на нејзините чеда, која ја препознававме од честите шепотења, кога ни беше тешко во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)