шестгодишен прид.

шестгодишен (прид.)

Пред Револуцијата, тие биле подмолно угнетувани од капиталистите, биле изгладнувани и камшикувани, жените биле присилувани да работат во рудниците за јаглен ( жените, всушност, сѐ уште работеа во рудниците за јаглен ) децата биле продавани во фабриките на шестгодишна возраст.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зад него стоел неговиот шестгодишен син со обетка на левото уво; косата, како и кај таткото, почнувала од веѓите; уште некоја година и од ушите ќе му пробијат влакненца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доколку би ја живеела таа иднина, а потоа би погледнала наназад на животот што го избрала, како би се чувствувала? состојби Лена раскажувала случки на „невидливост“, на пр. кога била шестгодишно девојче, погледнала околу себе и рекла, „за мене овде нема место!“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Јано направи крст од сламки и стави на него трошка леб.“ Се тргна и погледна во својот шестгодишен брат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)