широкоградост (ж.)
Туѓинецот ќе ја искористи
широкоградоста на небото
ќе влезе низ подземни порти
и со отров ќе нѐ попрска
Scorpius-Ophiucus.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кој може да ѝ поверува на вашата широкоградост?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Меѓутоа, трогнат од широкоградоста на постарите браќа, кои заради заедничкото дело биле готови да се откажат од најмилото на светот, најпосле и тој попуштил и ветил дека ќе молчи таа ноќ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)