шлапа (несв.)
Сакам да го потсетам дека е вљубен и дека само вљубените се надарени да шлапаат боси по водите на илузиите, да негуваат во размислите градини од лажни претпоставки и да донесуваат произволни заклучоци.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Вода дождовница ги полни рововите. Шлапаат во матната и ја месат со калта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Добитокот шлапа во редица и не греши пат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А ние возевме ги прскавме со разводенет снег, тие шлапаа во водата и калта и викаа, се довикуваа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сега сите добро насетуваат што им зборува Максима Акиноски: и ако отиде некој в сабота в град за да купува, или ако отиде по некоја друга работа во некое друго место надвор од Потковицата, да не шлапа таму што годе туку да си го држи јазикот стиснат за заби.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сеќаваше како шлапа со босите нозе по ѓолчињата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кочо плати и излезе. Надвор беше темничиште. Тој тргна по џаде, шлапајќи низ локвите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Знаев оти за вас било многу попривлечно да шлапате по водата, да ги барате најдлабоките вирови, да ги плашите малите рипчиња и полноглавците.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
За среќа, иако дворот повисоко од самите подруми, внатре вода немаше пробиено ико пред да стигнат до овој дел шлапаа по барички.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)