штрека (несв.)
Кога ќе почне да ме штрека, се молам нешто да дојде и да ми ја изеде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се позатаи малку да види дали уште ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра: — Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ме штрека една таква намисла и тогаш залајува Чако. Лае, дали лае. Како на дивина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За чубур крв смртта ќе штрека со голите заби нечуен акорд, за крв и за куп жили и за коски подземјето со татнеж ќе ја разгласи хероиката на непостоењето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Петре се стаписа. Неколкупати се премести од нога на нога. Болниот колк почна да го штреца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
5. И тие дни во кои сонцето само зборува молчат Ветрот мине по грмушките по лисјето душкајќи Лазачите ги штрека глуварките во пројаснетиот воздух ги развева далеку дури татни Тој гром од човечка рака пред портите на гибелта Гласот на ранетата тишина зборовите ги бара По крвта пребарува по ѕвездената роса што посега Месечината и сонцето го менуваат здивот и издивот на трепетните лисја под времето што протечува со копнежот долг по гнездото на песната што се подава Светлина во очите И чело загледано кон идната виделина на бидноста што ќе огрее по насмевката минејќи на сите уморени што сонуваат во заслонот на неизречените зборови
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
- Што ти е, Јоне, ќе се повратам, кај те боли сега, кај те штрека, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И додека Јосиф силно возбуден,свеќата му игра во рацете, се обидува да изусти нешто, него илјада умишта го штрекаат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)