штурец м.

штурец (м.)

Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Свирењето на штурците ми доаѓа како ѕвонење на стадо, истерано на ноќна испаша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одвај забележлив, некаде под тревата исплашено и испрекинато се одгласи цвркот на штурец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Занемено, жмиркам, дремам Под мене тепих од ранки рози Мечтаам да видам уште едно сонце Два паралелни универзума во осмози Свет како нашиот, само посовршен И овој пејзаж, питорескен недовршен И овој в тревата на штурците шум И оваа роза со трн да ме боцне Ќе треба За да излезам од сопствената пародија За да излезам од сопствениот ум! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не знам дали мене ми свират штурците, дали мене ми светат ѕвездите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледам замелушено, замаено и во ушите ми црцори нешто ко штурец.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
II Појдов во полето долапот стар да го видам кула од кристали матица што се рои небото од штурци што пее уште по сите ридја по сите брегови на соништата мои.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Штурци на почек, што се вели, гласот по неколкупати ќе ми се оѕвие меѓу ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Дали има повеќе штурци на земјава или ѕвезди на небоно?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш тој му се наведе до лицето, ослушна за час – во ноќта осем песната на штурците не се слушаше ништо друго – и му шепна: - Ќе одам на Младинскиот канал ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Си мислам така, а во овоштарникот само црцорат штурците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во секојдневните претпладневни звуци што го огласуваат животот во планината: црцорот на штурците и скакулците, брмчењето на пчелите и мувите, повременото шепотење на кориите низ кои мрзеливо се провлекуваше утринското свежо ветре, ѕвонежот на невидливите стада, - Бојан насети и брчење на автомобил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тераат некоја жална музика, небаре штурци во темницата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги слушав штурците, тие ја пееја својата песна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По ридот удолу по стрмнини по долои по воденици штурецот да ни се чуди.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Штурците таа ноќ се слушаа уште појасно и погласно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од каде штурец, си мислам, па после тоа црцорење ми иди како тропање на матерки, на вилушки, на лажици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јани прекина и долго трае тишината. Во тревата подгорена сал штурци потпевнуваат и одвај чујно лисјето шумоли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И штурците никако да тивнат: си свират, ништо не ги запира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе