ѕвездест (прид.)
Заплака облакот. Ги истури солзите кои паѓајќи, се претвораа со бели ѕвездести снегулки.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Со години имаше гостилница за храна, потоа имаше и скараџилница на една од ѕвездестите авении во градот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во некоја вечер пред тоа, обиколен крај огнот со ѕвездесто распрснати сенки, им објаснуваше: „Некогаш вештерките ги топеле во смола и ги палеле со помамни славопејки за крстот.“ Смоларите не му веруваа; се подбуцнуваа кришум со лакти и се клештеа кон месечината.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)