ѕвечи (несв.)
Една група сакати борци почнува да ми ѕвечи со куршумите и желевцата, извадени од нивните рани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мека повела му ѕвечеше сега во гласот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од тоа, а и од некоја синикавост, што ја фрлаше пред себе уште далечниот ден, која сѐ уште остануваше неодредена, но не можеше да биде незабележана, стануваше уште пораскошен и со уште повеќе дипли златниот вез на ноќта во дрвјата, над кои сѐ уште ѕвечеше со своите златни прапорци смирената месечина со некаков проштален, тажен призвук.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гласот ѝ ѕвечи во шумата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ѕин, ѕин, да можат да си ги најдат своите исфрлени коски, сигурно и со нив ќе ми ѕвечат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ко ровји да удираат озгора се гласи, плуска над селото, ѕвечи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги дупнаа коњите, ѕвечат прапорците, се одмотува тајгата, ми светкаат дрвјата со снежни капчиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И во шуплината на металниот дел од цревото на правосмукалката ѕвецкаше силно, како мноштво игли.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сакаше да сврти зад соседната улица; но сѐ што беше во него, од ветровиот вез во маслинките до последниот кикот на машинките, се распрсна во силен прскот, во тапо кршење, ѕвечење, крик, и сето тоа се слеа во татнеж и како лавина тргна во недогледна бездна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од другите соби до нас допираа врисоци, ревења, плачења и смеа, ѕвечења, чкрипења и удари.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Леле, колкава бркотница стана после. Цела шума ѕвечи, збива.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Чула и Оливера Поточка и, иде препашана со синџири, ѕвечи меѓу бараките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мразот ѕвечна удирајќи по тешкиот кристал.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)