јавне (св.)
Боже, зар ни е судено овдека да нѐ јавне староста, што се вели, и сите да нѐ изедначи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Наоколу се очекориле кашличави луѓе, ги јавнале печките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А и тој си имаше мака. Еден јачменчок му ја јавна клепката и му го затвори окото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По дожд везден чека виножито да јавне.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Цела снага ти ја јавнал. Никаде и никако не можеш да се одбраниш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јадрите волци што ја јавнале Турција ги напикале обичните мали волци в бувар.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јавнати врз Месечината, по небото јаздеа двајца патници од земјата, куклата со сините очи и малото гумено мече.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Воденицата сега беше пуста, сета јавната од мувли и од пајажини.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Влезено е летото, не знам кое време од летото, брезите се јавнати од зеленило, лисјата им трепкаат ко човечки очи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Поручаа со дедот Петка и си јавнаа по една маска.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гласници, јавнати на коњи, трчаат на сите страни и со вик и камшик, кажуваат и покажуваат на каде да се оди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така стоејќи со неопределен поглед, како да го јавнале две тешки планини, челото, разгораштеното тело, му се нагроздија со пот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Зетовите јавнале на најубави коњи и само се крстат со старисватот и деверите, со сваќите што одат пеш до сваќата — да помогнат кога ќе се качува невестата и да ѝ се најдат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се качувам на коњот, го јавнувам, и земам една поскура.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А во Дрмине сето поле беше јавнато од трње и од повит, од батачки и од шамак, одевли и од врбушки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јавнат од тежината на неброените санки, исповрзани со илјадници ледени вовчиња, еднаш дебелиот мраз на Леденото Езеро попушти, попукна.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Трајче го јавна Дорча и тргна... Го мина полето и навлезе во долината.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Некои велеа дека пред години го јавнала шумарот и исчезнала во планината.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
15. КОЊОТ УШТЕ НЕ ГО ЈАВНАЛ, НОЗЕТЕ ГИ МАВА - рита, клоца, се рогоши, истрчува пред нас!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)