јоден (прид.)
Поради неговото намалување, организмот ни реагира: слично како што е со билките кои живеат покрај морето и кои се навикнати на јодните испарувања: ако тие билки се пресадат на друго место каде што нема јод - не можат да виреат, боледуваат, венат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Јодната бања и брегот на Тиса им беа најомилените места.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Смирувачкото дејство на јодната бања сѐ помалку го чувствуваше. Доаѓањето на „незнајникот“ беше без најава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Убавата градина по бегството во Бечеј. Топлината на јодната бања.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Единствено Рада и Томо ја поштедуваа во попладневните прошетки, кои секогаш завршуваа во јодната бања, во која хидрото и кинезитерапијата ги релаксираше нивните тела.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)