југовина (ж.)
Се сменуваа сушици и припек и само во југовина сѐ што се движеше пееше услиши господи и херувими а воздухот повторуваше со години секој збор и секој глас.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Во поднебјето југовината црвен бајрак развејува...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Истрча низ вратничката и се закопа до натколениците во снегот, а со секој дел од своето тело просто како да го впиваше во себе дишењето на таа единствено вистинска, топла и миризлива југовина, што го поземаше во своите заплиснувања и го омекнуваше сиот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Благите налети на југовината ги пробиваа патиштата низ негостоприемчивата долина и веќе почнуваа да трубат во крошните на дрвјата, од кои беше испаѓан сиот окит и тие стоеја мирни од двете страни на долината, црни и покиснати.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знаеше дека во оваа шума југовината беше стасала само колку да ја смекне површината на горниот слој од тој снег, а после дошла северната ведрина и таа знаела многу добро што да стори со него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Или пак од некаде, како зауздани бели коњи, се спремаа да ја истрчаат земјата и да ја стоплат питомите ветрови на југовината?
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога од таму прудолу, кон полето лениво се спушта југовината, тогаш со себе таа носи и шири мирис на највкусен планински чај од Одрето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вечераше од неа пред прозорецот, што го остави отворен, за да не изгуби ниеден здив од таа настасана југовина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)