јуначки прид.
јуначки прил.

јуначки (прид.)

Иако неговите тези не се лишени од историска основа, Мисирков често е под влијание на податоците од јуначката народна епика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Летоска, откако го видов објавен Зборникот јуначки, жаловни, смешни овчарски, самовилски, љубовни и други песни со душата на мојот народ и на знаците на кирилицата нанижани.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не ми преостануваше друго освен да им се покорам на желбите на оние што очекуваа јуначки дела од мене и сега, со кисела насмевка, чекорев по џуџестата птица, по нејзиниот глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јуначко момче во свое време бил, пет срца момински под своја гуња носел, домаќинство со голема челад спечалил.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Блазе си ви, велам вам присои ладни, што чувте кај грми на пушките екот, пет векови гласат премрежиња страдни, вик јуначки сега прогласува векот!
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Еј, јуначка луда, крв црвена, рујна, ти не ли се жалиш што вака се сипеш по ледини ридски, по тревата бујна?
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Им било жал: заедно со Васко Тушев убаво пееле во три гласа јуначки и свадбарски песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Народот пее јуначки песни и прикажува приказни за него. Станува страв и трепет за царштината.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На оганот мајката котелот, ене го клава: вода да стопли за толку саканите капнати јуначки нозе и глава ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Шумно лисје низ гора се стели, в честа гора гори силен пламен, а крај оган седат борци млади, ечи песна од јуначки гради: „Се бориме под Гоцево знаме!"
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Човекот во склоп со најдобрите јуначки традиции на неговата нација (Ми јунаци ко сиви соколи идемо напред, а Турци ко курве за нама) се труди да стане најдобар војник.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дури тогаш ја сфаќа емоционалната јаловост на тоа јуначко дело – неговата неможност да го надомести загубениот Патрокло и да му го ублажи чувството на одговорност за смртта на најсаканиот другар.302 Според Илијадата, човечката општественост зависи од одржливоста на чисто симболичните трансакции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа, оттаму, значи мажественоста да се лиши од јуначкото величие и од самочувството за сопствената важност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И долго и широко ќе почнеше да ни расправа за јуначкото семејство Караѓорѓевиќ заповедајќи ни да носиме црно платно на јаките. - Треба, придавки, да разберете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И куршум екна – пропиште онаа песна проклета. Стојана в гради погоди, смртна му рана отвори, замина, „оф!“ не испушти сред младост бујна, јунашка.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Зашто, ако излезе дека таа неавтентичност не е трагичен израз на моралните ограничености што се вградени во самата структура на човечкото постоење – ограничености што само јуначкиот мажествен стремеж, во својот ревносен обид да ги надмине, може да ни ги открие и да нѐ натера да се соочиме со нив – и ако, наместо тоа, излезе дека неавтентичноста е само комична – некаков срамотен, дисквалификувачки, па дури и урнебесен ефект на секојдневната изложеност на суштествувањето како играње улога, а оттука и на културните значења како чинови на општествениот театар – тогаш трагедијата се растоличува од својата положба на првовеликост, ѝ се обезвреднува мудроста, а патосот ѝ се поткратува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таква е, барем, визијата на класичната трагедија, онака како што по правило произлегува од јуначките судири меѓу мажите од различни поколенија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нека нѐ разбере Неда јуначкото како го цени Албанецот сето!. . . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Книгава нема за цел да се натпреварува, на пример, со книгата на Џоел Дерфнер Женче: Мојот поход да станам најгеј- човекот на сите времиња и што стана наместо тоа; со книгата на Доналд Ројтер Гејдар36: Врховен инсајдерски водич за шестото геј- сетило; со книгата на Кети Криминс: Како хомосексуалците ја спасија цивилизацијата: вистинската и јуначка приказна за тоа како геј- мажите го обликуваа современиот свет; со книгата на Кевин Дилало: Неслужбен геј- прирачник; со онаа на Џуди Картер: Хомоприрачник: како да стапиш во контакт со сопственото внатрешно хомо: водич за опстанок за лезбејки и за геј- мажи; со онаа на Френк Браунинг: Културата на желбата: парадоксот и перверзноста во геј- животите денес; со онаа на Даниел Харис: Подемот и падот на геј- културата; со онаа на Берт Арчер: Крајот на геј и смртта на хетеросексуалноста; или дури и со веќе класичниот преглед на Мајкл Бронски: Судир на култури: создавањето на геј- сензибилитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе