џадија (ж.)
Таа му била секретарка или кој знае што лајно таму во Охрид на директорот на некоја фабрика за машински делови. Ама знаеш каква џадија... И сега косата ми станува...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Не само да земиш, џадио, токо и да му дадиш некој нишан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Кај вати, мори џадио? — ѝ се обрна на Неда со очигледно задоволство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)