џари (несв.)
Се џарам вака преку луѓето, барам место и јас некаде да се доберам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стоев и се џарев во затворената врата и испрсканиот со кал џамлак.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зар не виде како се џарам околу себе додека ја враќав теглата во празнината на ѕидот и додека ја спуштав лажицата во каленицата од која минатата ноќ сркав надробен леб во толчен лук со оцет и вода.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па после ќе се џарат што се прави на патот: кој поминал кој заминал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вчудовиден се џареше во мене.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тогаш мојот хипнотички поглед го меша со мислите и страстите: Константно и директно се џари, Нема потреба да се умилкува и додворува На својот слуга за бакнеж, Нему, кој е сопственик на ужасите, Кој ја познава матката на отровницата, Пегава и одрана со црно, На рѓосаната вага на амбрата, Неговиот гроб - Затегната направа за мачење што предизвикува тага На која тој лелека - лелека!
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Наслушувам, се џарам во мракот и собирам душа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се собираме и се џариме, побелени во лицата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
– „Тепање, ем лошо тепање сум му сторил, рекол Божин, со остенот ногата сум му ја окршил, ама сиот кабает го има Велко, што сеедно се џареше во него и не ми ги тераше воловите арно.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Наврапито се свртува наназад - лице в лице со Јана.. се џари во очите, темните очи - ама без светулки - светулките згаснале во некаков длабок вир од тага.. ја гледа, усните ѝ се движат, гласовите испрекинато навлегуваат во неговата душа, небаре далечно ехо: Тато ѝ кажуваше на мама - дедо ти ја продал ливадата - не ми се веруваше... не сакав да поверувам...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се џарев во темнината. Очите ми гореа и ме печеа како тогаш кога имав сипаница.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- сакав да му возвратам на Зрновски, (или му возвратив!); посакував дури и да го навредам но ниту една мисла не подзапираше за да ја здогледам докрај, за да ѝ ја измерам силата, па се џарев во Зрновски збунет и беспомоќен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На следната тераса на пансионот во Ираклион, двајца гласни, кадрави Грци, ги издолжиле вратовите и нескриено се џарат во Јана.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
– „Е доста со тој ѓаволски штрк, бре внучко, се џари.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Се џарам занесено во очите на учителот, а Васе ме дупи со коленото и се врти кон прозорецот. Се вртам и јас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се џариме низ прозорецот од куќата на чичко Лозан, а восхитот ни навира и ни пламти во нас со силина и машкост.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ама ќе го научам... - врескаше водарот и се џареше во нас. Очите му беа крвјосани.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во тоа време идејата дека некој има можност после полноќ да се џари во телевизор, од некои беше примена како ерес.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)