Курдистан (име.)
Антрополозите- истражувачи коишто живеат на реката Дањак на Борнео или меѓу Курдите во Курдистан ѝ праќаа груби и граматички збркани извештаи за своите согледувања, а таа тогаш брзо ги прилагодуваше за популарна употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Освен во случаите на народите како што се Палестинците, Јужноафриканските црнци, Порториканците или Курдите, национализмот е во целост негативна сила бидејќи тој поттикнува политика на војни и ксенофобија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Шејтанот не влегува во куќа полна со деца! ! (курдска поговорка) (Пократка верзија од листата на толкуваните османски турцизми на Татко и Климент Камилски.)
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)