авантурист (м.)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Разграноците на оваа технологија, како што е Валдерновата авантуристичка игра, не треба да ни го одвлекуваат вниманието од тековните примени во молекуларната биологија (скратување на молекули со помош на вид и допир, во воздухопловната симулација, медицинскиот тренинг, архитектурата, индустрискиот дизајн.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
(...) Авантуристичкиот лик на големиот литерат Марино можеби и не е некаков крунски сведок, но тој кнез на ласцивноста барем нè донесе до препознавање на некои симптоми - еротската опседнатост која на „маниристичкото делување“ му дава специфични импулси.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Што го мешате Бајрон во оваа историја. Тој беше обичен авантурист! Ајде да видиме што ни смислил тој?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ги носеле многумина, од дрводелците- авантуристи во канадските дивини, преку сафари фриковите во фазонот на мачо- мустаклијата од рекламата за Камел, до модерните припадници на џет-сетот кои во морски авантури тргнуваат со своите деветометарски јахти (можеби оттаму и другото име за овие мокасини - бродарици).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Христина не знаеше дека доаѓаме. Не ѝ јавивме. Никому не јавивме за нашата посета. Отидовме, без малку, авантуристички.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)