алтруизам (м.)
Филозофирање, во однос на животните потреби на другите, со цел да се насочи егоизмот во алтруизам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И особено кога внимаваш да не го повредиш другиот, кога нема да му го урнисаш животот со својата огромна, неизмерна себичност, а божем во името на Алтруизмот, Правдата, Уметноста, Искуството...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Уметност? Алтруизам? Да, драга Агна, токму така. Уметност, љубов, алтруизам! Местово не може да се препознае. Се измени сликата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Наизглед безусловно прифатен, нему му се ускратува било каков маневарски простор, прилика да избега, му се забранува оригиналноста и тој станува фатен во стапицата на својата различност; верувајќи дека од апстрактен се дошло до вистински човек, помеѓу личноста и колективитетот се укинува онаа игра во која просветителската антропологија не само што не чепкаше туку тежнееше да ја зацврсти; во име на алтруизам, Другиот се претвора во хомоген блок, па на тој ентитет му се жртвуваат останатите во нивната индивидуална стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)