антихрист (м.)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пријателството на двајцата антихристи го разнебити попот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дедо, уште од скали, почна да вика: антихристи, зар од јадење најдовте да го кревате човекот, зар на Велигден најдовте?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но многупати знае и да побесни од лутина и да вреска по мене: „Откорнатик! Антихрист!“ - замавнувајќи со стап и со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Популарната култура во нивните очи не е ништо друго, туку енормен аудиовизуелен Антихрист, што ги загрозува главните општествени вредности и стандарди.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Доста, бре антихристи!... Викаат од балконите мајките, им се карат на децата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Од друга страна, татко му, не согледувајќи дека тие грешки се всушност негови (во секоја смисла), имаше крајно ригиден однос кон синот, сметајќи го за антихрист, иако самиот беше атеист.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)