апаш (м.)
Најверојатно им изгледаше како сомнителен криминалец затоа што на десетина метра од него се наоѓаше банкоматот од Апашка банка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Малку како зачудена застана кога ме виде дека лежам. - А ти, суртуку? Една педа и веќе апаш!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Полека, со трепет во гласот реков: - Ти си апаш.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А јас за тебе се тепав, го фатив она апашче, што те месело и...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Кој ти го скршил прозорецот? Ние не сме апаши а ти, ако сакаш, тужи нѐ в полиција.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Ајдук... Апаш... Божји пари краде.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Тој е апаш. Заради него друг лежеше в затвор.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)