апсолутен прид.

апсолутен (прид.)

Тоа е и време на неопходна трансмутација на илузијата на поезијата во апсолутен владетел над сѐ.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нацизмот постави мера на апсолутна социјализација незабележана дури ни во педагошките учебници.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Партијата во секое време ја поседува апсолутната вистина и јасно е дека апсолутното никогаш не можело да биде поинакво од она што е сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаме морален код што би претендирал да биде апсолутен и универзален.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хегел исто така утврди дека оваа основна и сеопфатна закономерност на природата и општеството не може да се проѕре, да се разбере и објасни ако се применува метод што би бил статичен и би оперирал со крути, апсолутни поими и постулати.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Апсолутно слободно време е можно после смртта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Моменталниот непријател отсекогаш го претставувал апсолутното зло и според тоа произлегуваше дека секоја мината или идна спогодба со него е невозможна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во таков ред ќе се најде и татковиот брат, без апсолутно никаква вина, и нему без да му се знае гробот, како на многумина други од семејството во родниот град Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Диктаторот е обземен, со својата апсолутна моќ, од идејата како да ја припитоми вечноста, за да ја догради својата идеолошка пирамида, внатре во облик на лавиринт со седумстотини илјади бункери во кои сака да ја сокрие судбината на својот народ принуден, осуден и жртвуван да му верува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но имаше еден момент - не знаеше колку долг, триесетина секунди можеби - од блескава извесност, кога секоја сугестија на О'Брајан исполнуваше еден дел од празнината и стануваше апсолутна вистина и кога два и два можеа да бидат три, исто толку лесно како и пет, ако беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Историскиот музеј апсолутен приоритет има прикажувањето на експонати од животот и делото на Водачот, макар што во родната куќа во Ѓирокастро постои и музеј кој му е специјално посветен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Големиот руски режисер и модернист, Андреј Тарковски, за уметноста ќе рече дека е нераскинливо поврзана со прашањето за значењето на егзистенцијата на човекот во вечната потрага по апсолутната вистина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога ќе се апстрахира реалниот и конкретен свет, кога ќе се издели тој во празни шеми на логичките категории, и кога овие ќе се пуштаат во еден особен, од Хегел воспоставен логички ред, тогаш навистина развитокот на светот изгледа како развиток на „апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Владетелите на една таква држава се апсолутни, какви што Фараоните и Цезарите никогаш не можеле да бидат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Место токот на појавите на објективниот свет тој видел ток на појавите на „апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Посебно неговиот Кирилов од романот Зли духови, заговорник на тезата за спасот на човековата душа низ апсолутното почитување на законитостите на еволуцијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ратка имаше тотална доминација во куќата, а даљинското од телевизорот во дневната соба беше апсолутно под нејзина контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Апсолутните одрекувања го подразбираат спротивното.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе