апсурд м.
апсурден прид.

апсурд (м.)

Татко ми трагаше по одговор на прашањето зошто ги убиваат козите во некаков проклет балкански затворен круг во кој секогаш се останува на почетокот, во балканската варијанта на апсурдот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нема што да се зборува и за учените Македонци во Бугарија: тие едногласно ќе речат оти новото течење е просто апсурд, оти никојпат немало македонска народност и сега ја нема; оти Македонците се Бугари и сл.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа ќе создаде гротескни ситуации, кога неговите потенцијални наследници ќе учествуваат во невидени сцени на еден театар на апсурдот во играта со немоќниот владетел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Употребените симболи и мотиви добро ги отсликуваат идеолошките апсурди, судбината на опозицијата или пошироко патот на паѓањето на системот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Токму тука се креваше најголемиот балкански ѕид на стравот и на проклетствата, ѕидот на апсурдот и на глупоста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најголем апсурд е кога на дневен ред се социјалните случаи, а пола од пратениците дремат на социјалната мрежа глумејќи загриженост за социјала.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И сега кога, во слободата, по победата над фашизмот, требаше да се плати некаква цена, жртва за апсурдот – да се уништат козите, вековната основа за опстојување на луѓето од овие каменити предели и на непредвидливиот балкански релјеф.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби тоа е можно како хипотеза во теоријата, но во практиката, во животните текови во кои ние егзистираме, тоа е апсурд.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мајсторот на театарот на апсурдот, со поглед секогаш свртен кон големите теми на времето и битот - фанатизмот, страданието и смртта, се плаши од она што ќе им го остави на своите најблиски откако ќе се раздели со светот на живите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се качивме во авионот. Првата мисла кога седнав во авионот ми беше АПСУРД.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Па и самата изјава „ Ти не постоиш“, не содржи ли и самата таа логичен апсурд ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но зарем сега да го мачи Чанга со своите мисли за апсурдот, кога говореше самиот живот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пиесата на апсурдот требаше да кулминира во Атеистичкиот музеј во Скадар, веројатно последната етапа од нашиот престој, наложената цел.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Димензиите на остварената погрешна идеја, на мамутската глупост, беа морничаво врежани во пејзажот, како една од можните варијанти на апсурдот откриен во сините медитерански простори од Албер Ками во неговата филозофија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова се случува во светот на апсурдот, толку сугестивно предочен во познатиот сизифовски универзум на Албер Ками, кога со прашален поглед кон небото го бара одговорот за трагичниот апсурд, но од небето нема одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За Албер Ками, распнат меѓу медитеранските екстази од детството младоста и пресметките со европската историја, ова раздвојување на животот, го предизвикува чувството на апсурдот, кое ќе ја структурира во сегмент од филозофски систем...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И знаев дека како последица на тој активен партиски живот, кај Земанек, исто како и кај мене, ќе се избрише здравата линија до која може да се оди во повредувањето на другите луѓе (каков апсурд: а се боревме за здрав народен дух!); тоа и се случи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова таа го истакнува како голем апсурд и недостаток во функционирањето на Синдикатот: имено, нејзиниот став по ова прашање е дека се јавува голема нелогичност кога вработени од синдикатот имаат спор со ССМ – за нив да нема никаков обѕир од тамошната правна служба, односно тие да немаат право на бесплатна правна помош, односно квалификуван правен застапник од својот синдикат во кој едновремено и работат, но и членуваат!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе