аранжира св. и несв.

аранжира (св. и несв.)

Мошелес ја аранжирал партитурата за пијано и сигурно го сметал тоа за голема задача, бидејќи напишал на крајот: ФИНИС. СО БОЖЈА ПОМОШ.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Овде сѐ беше аранжирано модернистички.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Салатата беше аранжирана како во ресторан - ситно сечкан кромид одоздола, купче зелени маслинки одозгора и тркалца лимон наоколу - окото да ти се засити пред јазикот да ти протече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, тоа точно одговарало на популарното чувство и постигнало таков успех што Бетовен бил натеран да го аранжира за целосен оркестар.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тоа беше аранжирано, како што беше и објавено, во рамките на воените маневри, кои овие дни беа организирани во северните предели на нашиот јужен сосед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
11 Осамна обично, облачно утро. Томето беше дома, штотуку се имаше вратено од продавница, ги аранжираше цвеќињата на прозорците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Бев сведок“, вели Мошелес, „на потеклото и напредокот на ова дело, и запомнете дека не само што Мелцел го поттикна Бетовен да го напише туку дури и го постави пред него целиот негов дизајн; пишувајќи ги маршевите на тапаните и фанфарите на трубите на француските и англиските војски, навестувајќи му на Бетовен како да ја најави англиската војска со мелодијата на „Владеј, Британијо“; како треба да го претстави „Малбрук“ со меланхоличен тон, да ги отслика ужасите на битката и да го аранжира „Боже, чувај го кралот“, со ефекти што ги претставуваат извиците на мнозинството.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Посилен впечаток по својата физиономија остава единствено станицата „Лувр“, која исцелно аранжирана во стилот на музејските вредности и на патникот ненаметливо му сугерира дека на оваа станица треба бездруго да слезе за да влезе во музејот „Лувр“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Солун е преполн со разна стока и излозите се убаво аранжирани, што привлекуваат секого.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уникатниот предмет содржан во вализе-то на Мата беше познат (од списокот што го објави Бонк во својата книга за “вализе-то”) но овде беше изложена за прв пат; оваа полуапстракција (13) направена од примероци од влакна од косата, од градите, од под мишките и од гениталната зона, аранжирани по вертикала со само една тенка линија што наговестува контура на тело, и неколку исто така бледи линии кои асоцираат на формата на пенис во ерекција. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 113
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)