аристократски (прид.)
Тој е потомок на старо аристократско семејство кое со генерации е гнездо на благородни духови и умови!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сликата ги покажува необичните склоности на неколку генерации на тогашното, политички толку хаотично раздобје во Европа: склоноста кон настраното, ексклузивното, екстраваргантното, скриеното од онаа страна но постоечко во рамките на физичката, „природна“ стварност, па и за издвојување од друштвото, тежнеењето кон една посебна аристократска позиција.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
10. Елитизмот е типичен аспект на секоја реакционарна идеологија, доколку во основа е аристократски, а аристократскиот и милитаристичкиот елитизам имаат една сурово обележје - презирање на послабите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тој научи да се прилагодува, да мутира и да опстојува како чуден смрдлив клошар со изненадувачко аристократски манири и животинска виталност.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Убавецот е аристократски лик, а не демократски.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Веќе со својата плебејска или малограѓанска појава тој не би му одговарал на аристократскиот дух на времето.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)