армада (ж.)
Така, покрај стандардните воени вежби на југословенската армада и цивилното пучанство требаше да биде заучено на соодветен пакет мерки и активности од полувоена природа, за со нивна помош целосно да се инфилтрира во концептот Сите сме одбрана.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Тој слушна тамам толку од она што доаѓаше од телекранот, за да разбере дека сѐ се случило токму онака како што беше предвидел: една огромна поморска армада, тајно собрана, неочекуван удар во непријателската заднина, белата стрела продира преку опашката на црната.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во времето кога Наполеон ја освојува Европа, со својата армада навлегол и во Келн.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)