ателје ср.

ателје (ср.)

На подот на ателјето има тенка бела линија во иста линија со објективот на проекторот, а објективот на камерата мора да биде на таа бела линија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој веќе го гледа нејзиниот портрет како зрачи мека светлина во полутемнината на неговото ателје.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уште со првото утро, Сликарот почувствува немир, чуден творечки трепнеж, кој го влечеше кон ателјето, и кој го намести штафелајот и да ја подигне четката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А и не беше Гого таков, човек и сликар, за да му додели Градското собрание еднособен проширен стан со ателје место со балкон на последниот, тавански кат од некоја новоградба, иако на младиот сликар му останаа пусти соништа париските мансарди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Подоцна се дознало дека сенката што набрзина, скришум, крај високата авлија го минувала патот од џипот до портата на ателјето, била монахиња која смртно била заљубена во сликарот.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Судбината првин го носи во Минхен, против своја волја да изработува барокни бакрорези во едно познато ателје, оддалечувајќи го од неговиот идеал импресионизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само забележуваше дека во слободното време, додека се моткаше во неговото ателје, се плетка во работата на неговите помошници, кои беа постари од него за цел образован степен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еве, сѐ повеќе луѓе се интересирале за неговото сликање, а тој не отвора изложби секој ден; доаѓаат луѓе и од странство, бизнисмени, мецени, имбецили, можеби некој ќе се заинтересира и за него, ќе посака да му наѕре во ателјето што слика, може нешто и да купи, тие се парајлии, што е за нив некоја илјада долари или марки?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неколку пати неделно таа со џип доаѓала во неговото ателје и таму останувала до доцна во ноќта.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од антрето веднаш се отвораше голема соба, веројатно првично проектирана за салон, а сега приспособена за заедничко ателје на младата ликовна двојка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Замислете, деновиве читав една статија во која се раскажува дека во ателјето на Драган Соколовски, во Козле, подолго време, навечер со џип доаѓал човек за позирање, и таму останувал долго во ноќта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
До големата одаја се наоѓаше ателјето или работната просторија, пространа, светла, онакво какво што треба да биде едно сликарско ателје.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неколкуте мига што ги минав со младиот македонски сликар Лемо Димитровски поодблизу ме запозна со животот на сликарската колонија на малата плоштатка на „Монмартр“, која во моментот беше трансформирана во големо сликарско ателје под отворено небо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сликарот што го слика по венчавањето пред катедралата, давајќи му ја сликата со адресата на своето ателје и датата на сликањето: 6. IX 1949 г., му рече: „Нека ви е среќен бракот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во ателјето Делал дреме крај новата скулптура Одисеј се буди на брегот не знаејќи дека е на Итака.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Затоа и ателјето му беше само за в шупа, а не за висококатна мансарда со еднособен проширен стан во кој, покрај тоа, ќе живее семејство со деца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога дојде тогаш во ателје, сликарот со неговиот лик покри стара слика: зелена долина и две дамкави стебла.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во The thirteen most beatiful women протагонистките едноставно позираат, како кај фотограф или во сликарско ателје, стоејќи свртени со лицето кон вклучената камера.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговиот изглед на љубезен и бзделнички набљудувач кој полека го пуши своето луле во очигледно празното атеље, не можеше веќе да измамува: тоа не беше инерција туку спокојство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А во дождливо време и во зимата сликаше во една од собите во куќата која ја имаше уредено како ателје и каде што ги развиваше филмовите и ги изработуваше сликите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе